Москва: Нападот на Киев е одговор на украинскиот напад врз фабрика во Русија

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Москва објави дека денешниот напад врз Киев е одговор на украинскиот напад на хемиска фабрика во јужна Русија, која користела ракети од западно производство.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека на мета биле објектите на воената индустрија и службата за безбедност, пренесе Франс прес.

„Како одговор на акциите на режимот во Киев, денеска е извршен комбиниран напад со прецизно оружје со долг дострел“, соопшти Москва.

Украинските власти тврдат дека во нападот загинало едно лице и дека биле оштетени неколку официјални згради, пренесе Ројтерс.

Наведено е дека Русите користеле осум ракети, меѓу кои хиперсонични ракети Кинжал и балистички ракети Искандер.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека седум лица се ранети, а четворица се пренесени во болница.

Слични содржини