„Uslugi.gov.mk“ нуди над 100 услуги за граѓаните и компаниите

од Nikola Popovski
17 прегледи

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска во Скопје, го промовираше трансформираниот портал Услуги.гов.мк со кој се нудат над 100 услуги за граѓаните и компаниите, односно електронска достапност до лични документи, дозволи, апликации за проекти и друго.

„Новиот Услуги.гов.мк е целосно трансформиран за да одговори на потребите на граѓаните. Се водевме од принципите на достапност, ефикасност и транспарентност. Централно е поставен новиот и подобрен пребарувач каде сите услуги се на еден клик. Тој е интинуативен и е базиран на најновите трендови, а ќе им овозможи на оние кои прв пат се среќаваат со порталот на најлесен можен начин да стигнат до бараната услуга.

Порталот нуди целосно ново корисничко искуство. Услугите се јасно поделени на оние кои се за физички и на оние кои се за правни лица, без разлика дали се работи за вадење на извод од книгата на родените, дозвола за оружје или за аплицирање на проект од културата. Се е организирано на многу интинуитивен и лесно достапен начин“, вели министерот Андоновски.

Новиот портал содржи специјални функции за лица со попреченост. На овој начин, вели Андоновски, сакаме да гарантираме дека услугите се достапни за сите граѓани.

Оставено е простор и за искуството на корисниците, но и направен е кол-центар со шест оператори за оние што помлаку се снаоѓаат. Граѓаните може да се обраќаат на македонски и албански јазик.

„Со особена гордост може да објавам дека не само што го исполнивме првичниот план, туку и значително ги надминавме нашите првични цели за бројот на услугите достапни на порталот. Од првично ветените 20 услуги, од преземањето на должноста, денес имаме преку 100 нови дигитални услуги. Секоја ваква услуга е заштеда на време и ресурси, чекање во редици, и за граѓаните и за компаниите, но и за институциите. Намален административен товар за вработените во министерствата, но и за граѓаните. Тоа е зголемена транспарентност и ефикасност, но и намалени можности за корупција“, вели Андоновски.

Слични содржини