Шефот на Мерцедес вели дека за кризата делумно се виновни работниците кои постојано се на боледување

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Ола Калениус, извршен директор на Мерцедес-Бенц, неодамна во интервју за германскиот весник Зидојче цајтунг зборуваше за високото ниво на боледувањa во Германија и припишa дел од вината за актуелната криза.

Како што пренесува Јутарњи.хр, тој го критикувал фактот дека во Германија е премногу лесно да се пријави боледување и повика на построга контрола и реформи за да се намали високото ниво на работници на боледување во германските фабрики.

Келениус нагласи дека стапките на боледување во Германија се несразмерно високи во споредба со другите земји. „Фабриките на Мерцедес се исти насекаде низ светот, здравствените придобивки се исти, а работната средина е иста. А сепак, стапката на заболени во Германија понекогаш е повеќе од двојно повисока“, рече тој.

Шефот на Мерцедес понатаму рече дека високиот степен на боледување не е проблем само за компаниите, туку и за целата германска економија.

„Секој кој неоправдано оди на боледување, постапува на нелојален начин“, објасни Калениус.

Келениус верува дека стапките на боледување во Германија се толку високи поради регулативата што е во сила од корона пандемијата, која дозволува боледување да се добива преку телефон без посета на лекар. Шефот на Мерцедес затоа повика на политички мерки за реформирање на системот.

„Не треба да биде толку лесно да се аплицира за боледување“, нагласи тој. Тој предложи да се воведат построги проверки и контроли за да боледуваат само оние кои се навистина болни.

Изјавите на Келениус предизвикаа широка дебата. Додека едни ги поддржуваат неговите барања за построги контроли, други ги гледаат како закана за правата на работниците. Критичарите тврдат дека построгиот надзор и ревизија може да доведат до влошување на работната атмосфера и дека причините за високите стапки на боледување се подлабоките проблеми, како што се големите оптоварувања и стресот на работа.

Слични содржини