41
Стејт департментот одобри потенцијална продажба на оружје на Египет во вредност од над пет милијарди долари, соопшти денеска Пентагон.
Најголем дел од оваа продажба се однесува на обновување на тенковите „Абрамс“, поддршка и опрема, чија вкупна вредност се проценува на 4,69 милијарди долари, а изведувач е компанијата „Џенерал Динамикс Ленд Системс“, пренесе Ројтерс.
Пентагон додаде дека другите можни продажби вклучуваат ракети Hellfire во вредност од 630 милиони долари и прецизен систем за уништување цели од 30 милиони долари.