Сериозен совет за Трент: „Ливерпул е круна на твојата кариера, потпиши и оди…“

од Vladimir Zorba
37 прегледи

Сите кои го имаат Ливерпул во срцето не би сакале доколку Трент Александер-Арнолд навистина да потпише за Реал Мадрид, тврди Џејми Карагер, легендарниот играч на „црвените“, а сега фудбалски аналитичар.

Одличниот десен бек на Ливерпул и на репрезентацијата на Англија не се договорил за продолжување на соработката со лидерот во Премиер лигата и Лигата на шампионите, а се погласни се шпекулациите за негова преселба во Мадрид.

Она што особено би им пречело на навивачите на Ливерпул е тоа што тој може да замине во Реал без обештетување.

„Како и со Стив Мекманаман некогаш, навивачите ќе чувствуваат дека клубот за ништо ќе изгуби играч вреден најмалку 80 милиони, а тоа воопшто нема да им се допадне. Би го советувал да парафира нов договор кој ќе вклучува значителна откупна клаузула, за во случај на негово заминување да профитира и Ливерпул“, рече Карагер и додаде:

„Ситуацијата на Трент не е иста како онаа на Салах и Ван Дајк, на кои исто така им истекува договорот на лето. Тој е локално момче и за нив играњето за Ливерпул треба да биде круна на нивната кариера. Истото беше и за Мекманаман, Овен, Џерард и јас, и така треба да биде и за него и за Кертис Џонс“.

Слични содржини