Инспектор нападнал началник во Полициската станица Радовиш

од Milan1
40 прегледи

Вчера во 16.10 часот во СВР Струмица-ОВР Радовиш бил уапсен 39-годишниот Б.И инспектор во МВР од село Дедино поради напад на началникот на полицијата во Радовиш.

„На 20.12.2024 во 15.30 часот во Полициската станица Радовиш од страна на О.Г.(43), началник на ОВР Радовиш било пријавено дека околу 14.00 часот во службени простории на ОВР Радовиш Б.И.(39) инспектор во ОВР Радовиш агресивно се однесувал кон пријавителот, кој извршувал службени задачи, а во еден момент и физички го нападнал, нанесувајќи му телесни повреди“, се вели во соопштението на МВР.

Во соопштението на МВР се додава дека за настанот биле запознаени началник на СВР Струмица, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и јавен обвинител, по чии насоки биле преземени мерки за расчистување на случајот. По целосно документирање на случајот против Б.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини