Во едно од нејзините последни интервјуа, Шакира откри кој пејач и помогнал за време на драматичното и тешко раскинување со фудбалерот Жерар Пике.
Колумбиската ѕвезда му посочи на „Ролинг Стоун“ дека тоа е фронтменот на Колдплеј, Крис Мартин. Рекла дека се зближиле додека таа минувала низ тешко раскинување.
„Тој беше тука за мене кога раскинав и кога бев скршена. Секој ден ме проверуваше и ми испраќаше зборови на поддршка“, рекла таа.
Таа истакна дека нивното пријателство трае долго и го почести со убави зборови.
„Го гледам како личност која го гледа животот низ друга призма, која е чувствителна на потребите на другите луѓе и е многу емпатична“, додаде таа.
Пријателството на Крис и Шакира започна во 2014 година за време на шестата сезона на музичкото натпреварување The Voice, кога фронтменот на Coldplay беше гостин ментор во шоуто.
Да потсетиме, Шакира го запозна фудбалерот во март 2011 година, кога го снимаше спотот за хитот Waka Waka. Тие беа заедно 12 години, а се разделија во јуни 2022 година. Двојката има два сина, Милан и Саша. Разделбата помеѓу пејачот и фудбалерот предизвика големо внимание во јавноста, особено откако се дозна дека Пике бил неверен.
Во јули оваа година таа размислуваше за слободата што ја доби по нивното раскинување.
„Работев на нова музика овде и таму, но беше тешко. Немав време поради бракот и сопругот. Сега сум без сопруг, но, да, тој ме влечеше надолу“, рече во интервју со Џими Фалон на The Tonight Show и додаде: „Сега сум слободна. Сега навистина можам да работам“.
Во март оваа година таа го издаде албумот Las mujeres ya no Lloran (Жените повеќе не плачат), нејзин прв од 2017 година.
Во една прилика изјавила дека по разводот трпела физички и душевни болки.
„Болката што ја чувствував беше веројатно најлошата што сум ја доживеала во целиот мој живот. Имав чувство како некој да ме прободел во градите”, изјави 47-годишната пејачка за „Ролинг Стоун“.