Наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ врачена на новинарите Атанас Костовски и Љупчо Јолевски и публицистите Иван Антоновски и Делбина Крлуку

од Milan1
14 прегледи

Државната награда за остварувања во областа на публицистиката и новинарството „Мито Хаџи Василев – Јасмин“, денеска, во Кристалната сала на македонското Собрание им беше врачена на публицистите Иван Антоновски и Делбина Крлуку, како и на новинарите Атанас Костовски и Љупчо Јолевски.

Добитниците во нивните обраќања ја истакнаа важноста и значењето на Мито Хаџи Василев – Јасмин, за неговиот придонес кон градењето на македонското новинарство и публицистика и упатија благодарност до Одборот за доделување на државната награда.

– Прерано згасна македонската новинарска пролет. Во годината на новинарските јубилеи, 80 години на „Млад борец“, на Нова Македонија, на Радио Скопје, го слушнавте и на 60 години Телевизија Скопје, чест е да се носи наградата со името на некогаш првото македонско новинарско перо Мито Хаџи Василев – Јасмин, рече новинарот Костовски.

Членот на одборот за доделување на државната награда, Зоран Бојаровски, посочи дека понатамошните активности на Одборот ќе бидат заеднички со Министерството за култура да ја зголемат афирмацијата и подигнат свесноста за значењето на наградата.

– Сите членови на Одборот заговараме, понатаму заедно со Министерството за култура да направиме повеќе за поголема афирмација, поголема присутност во јавноста, како и да ја подигнеме свесноста за значењето на оваа награда. Мито Хаџи Василев – Јасмин е истакна личност на државотворната народноослободителна војна. Јасмин по ослободувањето на фашистичката окупација и по формирањето на македонската држава зема активно учество во етаблирањето на новинарската професија и во градењето на новинарските институции, рече Бојаровски.

Слични содржини