38
Вчера околу 15 часот полициски службеници од СВР Штип лишиле од слобода пет лица кои се обиделе да извршат кражба во црква кај место викано Елките во Штип и нападнале полициски службеници, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Во писменото соопштение се вели дека по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Според првичните информации повредени се двајца полициски службеници кои се транспортирани во Клиничка болница Штип.