Макс Парсел суспендиран поради допинг

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Меѓународната агенција за интегритет во тенис (ITIA) денеска објави дека австралискиот тенисер Макс Парсел признал дека го прекршил антидопинг правилото и прифатил привремена суспензија според Тениската анти-допинг програма (TADP).

Во соопштението се наведува дека Парсел признал дека го прекршил членот 2.2 од антидопинг програмата на тенисот и се додава дека тоа подразбира употреба на забранет метод. Австралискиот тенисер на 10 декември побара привремена суспензија.

ITIA додава дека суспензијата стапила на сила на 12 декември.

Слични содржини