Безос: Ништо од свадбата

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Основачот на Amazon и еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос, нема да го каже судбоносното „да“ на својата вереница и новинарка Лорен Санчез.

Да потсетиме, вчера странските медиуми ја објавија веста дека Џеф Безос се жени, а венчавката ќе чини вртоглави 600 милиони долари.

Сепак, Безос реагираше на веста истиот ден, а ги демантираше гласините на Икс (поранешен Твитер).

Поточно, нема да се ожени со својата вереница Лорен Санчез, барем не сега…

За да ја реши збунетоста на пошироката јавност, тој ја сподели статијата на „Њујорк пост“ за неговата наводна венчавка, а на оваа вест напиша и личен коментар:

„Целата оваа работа е целосно лажна – ништо од ова не се случува. Старата изрека „не верувај во се што ќе прочиташ“ сега е повистинита од кога било досега. Лагите можат да го обиколат светот пред да се дознае вистината. Затоа бидете внимателни и не бидете лековерни“, напиша тој, додавајќи: „Ќе биде интересно да се види дали сите медиуми кои пишуваа за ова ќе се поправат кога венчавката нема да се случи“.

Слични содржини