Dacia продаде повеќе од 500.000 автомобили во Европа

од Vladimir Zorba
13 прегледи

За 11 месеци од годинава Европејците регистрирале 522.013 автомобили „Dacia“, два отсто повеќе од истиот период во 2023 година.

Извештајот на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) за бројот на регистрации на нови автомобили во ноември оваа година покажува дека марката Dacia продала 49.352 автомобили, односно 4,8 отсто повеќе отколку во ноември 2023 година.

Благодарение на ова зголемување, кое се случува во позадина на општ пазарен пад, пазарниот удел на Dacia се зголеми од 4,4 отсто во ноември 2023 година на 4,7 отсто во ноември 2024 година.

Истовремено, растот во последниот месец доведе до зголемување на продажбата на Dacia во периодот јануари – ноември од 511.994 единици во 2023 година на 522.013 во 2024 година. Два процентни поени раст во споредба со првите 11 месеци од оваа година го зголемија годишниот пазарен удел на Dacia на 4,4 проценти.

Благодарение на постојаниот раст, овој пазарен удел на Dacia го надминува оној на брендовите како што се: Opel, Citroen, Fiat, Kia, Hyundai, Ford или Volvo.

Најбарани марки на европскиот пазар за 11 месеци од тековната година се: Volkswagen (1.258.324 продадени автомобили), Toyota (849.628), BMW (707.527), Škoda (700.748) и Renault (626.719).

Слични содржини