Зеленски: Фицо не сака замена за рускиот гас

од Vladimir Zorba
38 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска, по повод средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и словачкиот премиер Роберт Фицо во Москва, дека средбата уште еднаш покажала дека Фицо не сака да учествува во заедничката европска определба за постигнување енергетска независност од Русија, како и дека не сака да бара замена за рускиот гас.

Зеленски на платформата X напиша дека Фицо „сака да и помогне на Русија да ги исфрли американскиот гас и енергетските ресурси на другите партнери од Европа“, што значи дека, како што наведе, сака „да му помогне на Путин да заработи пари за финансирање на војната и за ослабување на Европа. ”

„Ние губиме луѓе како резултат на војната што ја започна Путин и сметаме дека таквата помош за Путин е неморална“, рече Зеленски.

Слични содржини