Во Анкона запленети 16 тони опасен отпад кој требало да заврши во Албанија

од Milan1
47 прегледи

Царинската полиција на Анкона во Италија заплени 16 илјади килограми опасен отпад, кој требало да биде транспортиран од Италија во Албанија, објави ТВ „Сири“. Заплената на опасната материја се случила на пристаништето во Анкона, а била во камион што се натоварувал на траект што требало да исплови за Драч.

– За нивно транспортирање неопходна е процедура спроведена од компанијата и соодветно овластување од земјата домаќин – Албанија. Компанијата што транспортирала опасен отпад во Албанија имала активности во северниот дел на Италија. Италијанската Гардија ди Финанца потврдила дека отворила кривична постапка против оваа компанија, во Обвинителството во Анкона, наведува телевизијата.

Според истиот извор, започнати се истраги за проверка на слични активности во Албанија.

Слични содржини