Татко ја дал 12-годишнaта ќерка за „голф двојка“

од Milan1
149 прегледи

Зголемен e бројот на присилни малолетнички бракови во Босна и Херцеговина. Ситуацијата е алармантна, а овие бракови најмногу се случуваат во сиромашните заедници кои живеат на раб на егзистенција, пренесува Телеграф. Александра Марин Диклиќ од канцеларијата на Народниот правобранител на БиХ укажува дека рамката на овој закон итно треба да се промени, со цел заштита на правата на малолетните лица, пишува „Адриа.тв“.

Случаите за кои треба да се обрне посебно внимание се присилните бракови, чиј број во државата е загрижувачки голем, а овие бракови по договор можат да достигнат сума и до 15 000 конвертибилни марки(КМ), или 7.500 евра.

Стручното лице за заштита на деца од Тузла, Мирсада Бајрамовиќ истакна дека се сретнале со голем број на бракови од овој тип.

-Еден од најекстремните случаи е кога 12-годишно девојче е продадено за „голф двојка“ преку тој т.н. малолетнички брак. Исто така, имавме случај во девојче за жал е продадена за 1.500КМ. Цените за девојките во овие бракови се движат од 1.500 до 15.000КМ- истакна Бајрамовиќ.

Од тимот на Народниот правобранител додаваат дека одговорноста за спречување на овие присилни бракови не може да биде оставена само на училиштата и советуваат дека на нив треба да им помогне полицијата, како и центрите за ментално здравје.

Тие исто така ја истакнаа разликата помеѓу руралните и урбаните училишта, начинот на образование во кои се разликуваат и доминацијата на овие бракови во руралните области од државата.

Слични содржини