Зеленски објасни зошто му понудил финансиски средства на Фицо

од Nikola Popovski
144 прегледи

Словачкиот премиер Роберт Фицо неодамна го обвини украинскиот лидер Володимир Зеленски дека се обидел да го поткупи со 500 милиони евра за да ја обврзе Братислава да ја поддржи кандидатурата на Киев за влез во НАТО.

Фицо го откри ова на прес-конференција во четвртокот во Брисел, непосредно по состанокот зад затворени врати со Зеленски на маргините на самитот на лидерите на ЕУ.

Словачкиот премиер тврди дека Зеленски „го прашал дали ќе гласа за членство на Украина во НАТО ако му бидат дадени 500 милиони евра од руските средства и имоти“ замрзнати на Западот по избувнувањето на конфликтот меѓу Москва и Киев.

-Киев ѝ понудил на Словачка компензација за загубите поради прекинот на транзитот на рускиот гас преку Украина и алтернатива на таа рута на барање на Европската комисија, објави Зеленски.

-Му предложивме решенија во врска со потенцијалната компензација на Словаците, за загубите од транзитот на руски гас, како и алтернативи на тој транзит, кој било гас, а не руски, на барање на Европската комисија. Бевме подготвени да го направиме тоа. Фицо не сакаше обештетување за Словаците. Тој не сака да соработува со Европската комисија. Поради некоја причина, тој ја смета Москва за попрофитабилна, напиша Зеленски на социјалната мрежа „Икс“.

Тој го обвини словачкиот премиер дека „се бори за пари“, следејќи лични интереси.

Слични содржини