Таткото на Нејмар објасни зошто фудбалерот ја напуштил Барселона

од Vladimir Zorba
52 прегледи

Во летото 2017 година Нејмар ја напушти Барселона и потпиша за Пари Сен Жермен во трансфер кој се уште е најголем на сите времиња. Парискиот клуб и плати на Барселона 222 милиони евра за да го доведе бразилскиот репрезентативец, а многумина тогаш се прашуваа зошто тој воопшто сакал да ја напушти Барса. Неговиот татко зборуваше за ова во поткаст.

Тие денови се зборуваше дека Нејмар сака да излезе од сенката на Лионел Меси, свесен дека никогаш нема да биде првата ѕвезда на клубот во кој е аргентинскиот гениј. Се пишуваше и дека сметал дека полесно ќе дојде до Златната топка која до ден денес ја нема освоено. Нејмар Сениор тврди дека заминувањето на неговиот син не било финансиски мотивирано, туку дека тој ја напуштил Барселона за да избегне да стане тој што ќе го преземе приматот од Меси.

„Одлуката да замине беше негова, тој сакаше да замине во ПСЖ. Бевме во тешка ситуација во Барселона, не знаевме што размислува клупското раководство. Се чинеше дека клубот сака тој да го заземе местото на Меси, а тој не го сакаше тоа Тој реши да си замине. Ја сакав да остане до последниот ден, но тој сакаше да го напушти клубот за да не ја заземе позицијата на Меси и да стане најголемата ѕвезда на клубот“, изјави таткото на Нејмар.

Нејмар играше за Барселона од 2013 до 2017 година. Со 105 гола и 76 асистенции во 186 натпревари, тој му помогна на клубот да освои една Лига на шампиони, две Ла Лига и вкупно осум трофеи. Тој од минатата година е член на Ал Хилал.

Слични содржини