Извршена трансплантација на ахилова тетива од починат донор

од Nikola Popovski
139 прегледи

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за ортопедија е извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори.

Интервенцијата е извршена кај 47-годишна пациентка, со стара повреда на ахилова тетива. Пациентката е со уреден постоперативен тек.

-Трансплантацијата е изведена под водство на д-р Ерен Сејфула, заедно со д-р Александар Савевски и д-р Бојан Будиќ, анестезиолог д-р Лилјана Ангелевска, во соработка со д-р Милена Богоевска, болнички координатор за ортопедија и одговорна за ткивна банка, информираат од МЗ.

Од ресорот предводен од министерот Арбен Таравари упатија огромна благодарност до сите здравствени работници вклучени во оваа трансплантација, како и до семејствата на донорите.

Слични содржини