Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан редовно ги изненадува оние кои ја сакаат и оние кои не ја сакаат. Секое нејзино појавување, во живо или на социјалните мрежи предизвикува големи реакции во јавноста.
Овој пат таа објави спот за песната „Santa Baby“.
Во споменатиот видео-клип, таа цело време ползи во откопчана кошула и хеланки под кои ѝ се гледа долната облека. На крајот од видеото стигнува до Дедо Мраз.
„Вака го замислувам пеколот“, „Вака мора да се чувствува како се буди на забавите на Диди“, „Не земам доволно лекови за да најдам уметност во ова“, „Само мислев дека не сум видел ништо демонско од Ким во последно време“… се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Ова празнично снимање на Ким Кардашијан беше прикажано во нејзиното реално шоу „The Kardashians“, а многумина мислат дека е премногу дегутантно за празниците.
Откако беше мета на коментари за наводно копирање на Бјанка Ценсори, Ким не се откажа од објавување провокативни изданија, а ова изгледа малку ја премина границата.