Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени локални врнежи од дожд и снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h. Денес уште од раните утрински часови од североисток ќе се прошрат врнежи од снег кои претежно во Повардарието преку денот ќе бидат од повремен дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 6 Целзиусови степени.
Во Скопје, облачно и студено со слаб дожд, а во повисоките делови од котлината со слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Утринава минималната температурата по градовите е во интервал од -4.4°C во Крушево до 1.0°C во Демир Капија. Најмногу дожд наврна во Крива Паланка 11.8 л/м². Висина на снежна покривка во 07 часот (во cm): 56 Маврови Анови, 45 Попова Шапка, 22 Крушево, 10 Тетово, 4 Прилеп, 3 Битола, 2 Претор, Крива Паланка.
До петок ќе се задржи значително облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег, долж Повардарието со повремен дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во северозападните, северните делови и на крајниот исток. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Од сабота следува период на стабилно, суво и студено време.