По падот на патнички авион во Казахстан, кој патувал од Баку за Грозни во Чеченија со 72 лица, се појавија информации за причината за несреќата. Имено, како што пишуваат азербејџанските медиуми, авионот налетал на јато птици.
-Властите во Казахстан соопштија дека почнале да истражуваат различни можни верзии за тоа што се случило, вклучително и технички проблем, пренесе руската новинска агенција Интерфакс.
Подоцна се појави информација дека авионот на „Азербејџан ерлајнс“ бил пренасочен кон аеродромот во Махачкала поради густа магла, но дошло до несреќа на само три километри од аеродромот Акатау.
Според првичните информации, бројот на преживеани е поголем од 10. Првите повредени се примени во болница.
Генералниот конзул на Азербејџан во Акатау, Ајкан Сулејманли, изјави дека засега „не можат ништо да кажат“.
„Нашите вработени се таму, а јас само што се упатив. Не можеме да кажеме ништо со сигурност. Не знаеме ништо во моментов“, рекол тој.
На социјалните мрежи се појавија првите снимки од падот на патничкиот авион АЗАЛ во Казахстан, кој летал од Баку за Грозни. На лице место одекнала експлозија која во моментов ја гаснат голем број пожарникари.
Во гаснењето на пожарот во близина на градот Акатау, во Казахстан, учествувале 52 пожарникари и 11 противпожарни возила. За ситуацијата во моментов се грижат од Министерството за вонредни ситуации на Казахстан, кое засега нема официјални информации за жртви.
Footage: Initial reports of a crash involving a passenger plane from Azerbaijan Airlines en route from Baku to Grozny, Russia, with 70 passengers on board.
The aircraft, 4K-AZ65, is an 11-year-old Embraer E-190.
– @ItayBlumental https://t.co/2nUXRqS7N8— Irene Rusman (@irusman) December 25, 2024