Два пожари во Куманово предизвикани од плинска боца и бојлер

од Nikola Popovski
21 прегледи

Плинска боца вчера предизвика пожар во семејна куќа во Куманово, опожарен бојлер зафатил и кровна конструкција на куќа во Черкези, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

-Пожарникарите интервенирале на опожарена плинска боца во семејна куќа на улица „Народна Револуција”. Интервенирано во 10:20 часот со едно возило и петмина пожарникари .Зафатена била една соба од објектот при што е направена материјална штета која допрва ќе се утврдува, соопшти РЦУК.

Пожарот е локализиран и завршен во 11:20 часот.

Втората интервенција е исто така во текот на вчерашниот ден, по опожарен бојлер во семејна куќа во село Черкезе во временски период од 16:25 до 17:25 часот.

Пожарникарите интервенирале со една екипа. Пожарот ја зафатил и оштетил кровната конструкција на објектот, причината како и висина на материјалната штета допрва ќе се утврдува.

Слични содржини