Казахстанското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека тешка авионска несреќа ја преживеале 25 лица, од кои 22 се пренесени во болница. Според Министерството, загинале 42 лица.
Тамошните службите за итни случаи известија дека паднатиот авион е на азербејџанска авиокомпанија. Според државната агенција Казинформ, авионот летал од Баку за Грозни, Чеченија.
Авионот на „Азербејџан ерлајнс“ што се урна во близина на казахстанскиот град Актау, превезувал 105 патници и пет членови на екипажот.
„Азербејџан ерлајнс“ објави дека авионот „Ембраер 190“ летал од главниот град на Азербејџан Баку до Грозни, главниот град на руска Чеченија, но бил принуден принудно да слета на приближно три километри од казахстанскиот град Актау.
Се уште не се познати официјалните причини за падот на авионот.