Лавров: Русија не се задоволува со примирје со Украина, потребни се обврзувачки договори

од Vladimir Zorba
33 прегледи

Русија нема да прифати само воспоставување примирје во конфликтот со Украина, потребни се правно обврзувачки договори за да се решат основните причини за конфликтот, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Тој рече дека на Запад и во Украина во моментов зборуваат само за примирје и како „да му се овозможи на режимот во Киев повторно да акумулира сила со помош на Западот“, со цел, според неговите зборови, „да придонесе за стратешки пораз на Русија“.

Во интервју за програмата „60 минути“ на ТВ каналот „Русија 1“, Лавров додаде дека на Русија и се потребни сигурни, правно обврзувачки договори насочени кон елиминирање на главните причини за конфликтот, кои, според него, ја вклучуваат општата безбедност во Европа и проблемот со ширењето на НАТО.

Слични содржини