Технолошкиот портал 9to5Google, фокусиран на уреди со Android, спроведе анкета меѓу своите читатели за да го избере најдобриот телефон со Android во 2024 година.
Серијата GooglePixel 9 доминираше во резултатите, при што Pixel 9 Pro го зазеде првото место, додека Pixel 9 Pro XL заврши на второто место. Нивните читатели јасно ја покажаа својата наклонетост кон најновите уреди на Google.
Сепак, особено изненадување беше успехот на телефонот Sony Xperia 1 VI, кој со 12,35% од гласовите се искачи на третото место. Дури и го надмина Samsung Galaxy S24 Ultra, кој освои 11,53% од гласовите.
Иако е познато дека уредите на Sony Xperia имаат слаба достапност на некои пазари и недоволна маркетиншка поддршка, овој модел привлече ентузијасти со класични хардверски карактеристики, како што се 3,5 мм приклучок за слушалки и проширување на microSD картичка.
Уредниците на порталот истакнаа дека лојалноста на фановите е клучот за овој успех, кој заслужено му го обезбеди местото на Xperia 1 VI меѓу најдобрите телефони на годината.
Еве ја комплетната листа:
Google Pixel 9 Pro: 1.238 гласови (23,78%)
Google Pixel 9 Pro XL: 1149 гласови (22,07%)
Sony Xperia 1 VI: 643 гласови (12,35%)
Samsung Galaxy S24 Ultra: 600 гласови (11,53%)
Google Pixel 9: 358 гласови (6,88%)
OnePlus 12: 241 гласови (4,63%)
Google Pixel 9 Pro Fold: 157 гласови (3,02%)
Samsung Galaxy S24 / 24+: 157 гласови (3,02%)
Google Pixel 8a: 126 гласови (2,42%)
Друг телефон: 99 гласови (1,90%)
Honor Magic V3: 58 гласови (1,11%)
Xiaomi 14 Ultra: 55 гласови (1,06%)
Oppo Find X8 Pro: 47 гласови (0,90%)
Honor Magic 6 Pro: 45 гласови (0,86%)
Samsung Galaxy Z Fold 6: 43 гласови (0,83%)
OnePlus 12R: 41 гласови (0,79%)
Nothing 2а: 31 глас (0,60%)
Samsung Galaxy A55: 24 гласови (0,46%)
Motorola Razr Plus (2024): 23 гласови (0,44%)
Nothing 2а Plus: 23 гласови (0,44%)
Samsung Galaxy S24 FE: 22 гласови (0,42%)
Samsung Galaxy Z Flip 6: 15 гласови (0,29%)
Motorola Razr (2024): 7 гласови (0,13%)
Xiaomi Mix Flip: 2 гласови (0,04%)
Xiaomi Mix Fold 4: 1 глас (0,02%)