Спасовски: СДСМ се согласува со две работи од залагањата на Сиљановска, иако претседателката не понуди визија за иднината на земјата

од Nikola Popovski
103 прегледи

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски вели дека како партија се согласуваат со две работи со обраќањето на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Тоа е поддршката на АРМ, поддршката на политиките за унапредување на животниот стандард на воените лица и декларативноста во однос на еднаквите можности и учеството на жените и ранливите категории.

Спасовски очекува дека овие декларации преку конкретни дејствија ќе придонесат да се реализираат проекти кои што ќе покажат дека маргинализираните групи ќе добијат многу повеќе од тоа што сега го имаат.

Според пратеникот, во останатиот дел од обраќањето, Сиљановска Давкова не понудила визија за иднината на државата.

Како што рече, очекувал шефицата на државата јавно да го осуди носењето на Законот за јавни набавки, со што, според него, се руши транспарентноста и очекува и ја повика да не го потпише овој указ – Закон за јавни набавки.

-Доколку постои каков било предлог за унапредување на евроинтегративните процеси на државата, тој предлог да биде споделен и со парламентарната опозиција и на основа на тоа, заеднички да разговараме, да заземеме соодветни ставови и заеднички да им помогнеме на граѓаните и на државата, порача Спасовски.

Слични содржини