Кумановец без одобрение чувал елени „лопатари“ во својата штала

од Milan1
35 прегледи

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Ј.(24) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено ловење, чување и оттуѓување диви животни и птици“, информираат од МВР.

Пријавениот, од непознато место и лице набавил два елени од видот „лопатар“, кои ги сместил во штала во неговиот двор во с. Тромеѓа, иако не биле исполнети условите кон животните утврдени со закон и без одобрение и дозвола за чување на таков вид дивеч од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а не биле исполнети и потребните услови за чување и одгледување таков вид диви животни.

Слични содржини