Ако не дојде доброволно, ќе најдеме соодветен начин како да го вратиме, рече Тошковски за Груби

од Nikola Popovski
91 прегледи

Јас го повикувам да покаже малку чесност и одговороност кон државата која го ранела 40 години и да се врати. Ако не се врати доброволно, ќе најдеме соодветен начин како да го вратиме. Распишана е меѓународна потерница и доставени се сите документи преку Министерството за правда. Ќе овозможиме процес на правда, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски одговарајќи на пратенички прашања во Собранието за бегството на екс-вицепремиерот Артан Груби.

Тошковски истакна дека фактот што Груби е на црната листа на САД, дополнително го поткрепува дејствието на МВР по насока на ЈО и Судот.

-Не можам да не истакнам дека бегањето од одговорност е синоним за вина. Бегањето од соочување со органите на прогон за македонските граѓани ќе биде сфатено како признание за вина, посочи првиот полицаец во државата од собраниската говорница.

Слични содржини