Ева Лонгорија овој Божиќ ужива во деновите на сонце, море и во бикини. Таа на Инстаграм објави прекрасни сцени од одморот и ги остави фановите без зборови со својата беспрекорно обликувана фигура.
Ева Лонгорија го помина Божиќ впивајќи малку сонце. Ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“ на својот Инстаграм профил објави фотографии во бикини, а во описот на фотографиите напиша дека е „надвор од канцеларија“.
На една од објавените фотографии, 49-годишната актерка тргнува кон камерата во темно син костим за капење со очила за сонце на главата. Во истиот градник таа позирала седната на маса уживајќи во шолја кафе, со широка насмевка на лицето.
Актерката е на одмор со сопругот Хозе Бастон и нивниот 6-годишен син Сантијаго, а семејството максимално уживаше во Марбела.
View this post on Instagram
Објавата на Ева ѝ донесе бројни коментари и комплименти од обожавателите кои не можеа, а да не ја забележат нејзината прекрасна телесна фигура во темно бикини со златни детали.