СДСМ: Како е можно за ДКСК да биде валиден сертификатот на Христовски кога Суд веќе осудил две директорки затоа што приложиле ист таков?

од Nikola Popovski
134 прегледи

Како е можно за ДКСК да биде валиден сертификатот на Бојан Христовски за ТОЕФЛ од Пловдив Бугарија кога Суд веќе осудил две директорки затоа што приложиле ист таков серификат кој е оценет за невалиден, прашаа утрово од СДСМ по одлуката на Анткорупциската комисија дека нема основа за постапка против новиот директор на АНБ.

Како што велат од партијата во опозиција, две директорки на јавни установи се осудени на условни казни затоа што приложиле ТОЕФЛ сертификат издаден од компанијата „Јулија ЦО ЛТД“ од Пловдив, Бугарија, односно од истото место и од истото правно лице од каде што е и серитфикатот на Христовски.

Од СДСМ прашуваат како ДКСК заклучила дека е валиден сертификатот кога, како што велат, суд одредил во два случаи, од исто место и од исто правно лице дека е невалиден.

-Оправдани се и сомнежите за конфликт на интерес кај членката на ДКСК којашто го водела случајот по претставката во којашто се оспорува диплома на директорот на АНБ, Бојан Христовски, стои во соопштението на СДСМ.

Откако Државната комисија за спречување на корупција од  вчера демантираа дека нивната членка Цвета Ристовска нема било каква деловна врска со Универзитетот Скопје сега го тврдат спротивното. Ристовска работела како гостин предавач и не земала пари за тоа. Но, сепак додека Ристовска е дел од наставниот кадар на универзитетот, одлучуваше по предметот за директорот на АНБ Бојан Христовски во рамки на кој се проверуваше и неговата диплома издадена токму каде таа предава.

Дипломата на Христовски е потврдена од Државниот просветен инспекторат, додека утврдување на веродостојноста на сертификатот за познавање англиски јазик е во рацете на јавните обвинители.

-Во однос на проверка на веродостојноста на документите кои го потврдуваат завршеното високо образование. Државната комисија уште еднаш ќе посочам дека не е надлежна и нема правни механизми да го стори тоа. Надлежност за проверување на веродостојноста на овие документи е Државниот просветен инспекторат за кој Државната комисија достави барање, беше изготвен записник од надлежниот орган и согласно заклучоците од тој записник беше донесена и одлуката, изјави вчера од Собранието претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска.

Слични содржини