Пејачката Дуа Липа наводно се верила со своето момче, актерот Калум Тарнер, кој и дал романтичен божиќен предлог.
Парот е заедно нешто повеќе од една година, а следниот чекор во врската планираат да го прослават на Нова година со своите пријатели и семејства.
Извори блиски до парот изјавија дека Дуа и Калум се „многу заљубени“ и дека сите нивни пријатели се среќни што Тарнер ја запросил пејачката.
„Дуа и Калум се многу заљубени и знаат дека ова е засекогаш. Тие се свршени и не можат да бидат посреќни. Дуа ја имаше една од најдобрите години во нејзината професионална кариера и ова е шлаг на тортата. Калум е силен поддржувач на Дуа и тие се прекрасен пар. Нивните семејства и пријатели се многу среќни за сите нив“, рекол изворот.
Дуа Липа сподели неколку фотографии на кои се гледа како ги поминала празниците, а на една од нив многумина забележале голем дијамантски прстен. Таа објави и нова фотографија со своето момче, а парот постојано се смешка.
Во јануари оваа година пејачката и актерот ги подгреаа гласините дека се во врска, откако и двајцата присуствуваа на забава во Лондон. Пејачката пред да и открие на јавноста дека е во врска изјави дека мора да си ја најде самодовербата по раскинувањето со претходниот дечко.
„Во однос на врските, морав да стигнам до ова место за да го најдам она што навистина ми треба. Мора да простувате, растете и учите и да се помирите со минатото за да продолжите понатаму. Мислам дека со секоја врска, со секое искуство, учиш за себе, учиш за работите кои се болни за тебе, што очекуваш, што треба да бидеш спремен да попуштиш. Сметам дека секогаш се враќаме на таа размена на ранливост. Не бев доволно добра или ја изгубив самодовербата и морав повторно да ја пронајдам, мислам дека тоа е многу важна работа.
Откако јавно објавија дека се заедно, не кријат колку се заљубени. Пејачката често споделува нивни фотографии на социјалните мрежи, а редовно присуствуваат на различни настани заедно.