Голем скандал се случи во Шпанија, а во центарот на грдата приказна се најде голманка на хокеарска екипа на ролерки од Жирона.
Голманката на Сан Џорди Десвалес од Џирона е уапсена поради тежок прекршок откако е откриено дека тајно ги снимала своите соиграчки под туш.
Дополнителна тежина на овој случај му дава и тоа што наводно дел од девојките од видеата се и малолетни.
Имено, во декември хокеарите го пријавиле проблемот во клубот, кој реагирал и ја известил полицијата за целиот случај.
Девојките наводно истакнале дека почнале се почесто да забележуваат дека голманката го врти нејзиниот телефон кон нив додека тие се туширале или се пресоблекувале, што предизвикало основано сомневање.
После тоа, 33-годишната голманка негирала дека направила нешто незаконско, но полицијата решила да преземе акција. Една полицајка тајно била испратена во соблекувалната каде практично ја фатила голманката на дело, што било јасен знак и причина за апсењето. Утврдено е дека во телефонот има повеќе снимки од девојките од соблекувалната.
Во оваа прилика клубот излезе со соопштение, во кое го оцени инцидентот како неприфатлив, а однесувањето на голманката било остро осудено. Се додава дека сега ќе следи соработка со полицијата и обвинителството, така што целиот случај ќе биде истражен до крај. За целиот случај пишуваше и шпанска „Марка“.