Мицкоски со новогодишно обраќање: Во 2025 ќе се фокусираме на интеграцијата во ЕУ и спроведување на реформите за членство

од Nikola Popovski
65 прегледи

Можеби за некого работите не одеа со посакуваната брзина, но ве уверувам дека ова е единствениот пат и дека се е работа на доброосмислен план, според кој свесни за вашите очекувања, ќе ги реализираме ветувањата и ќе го направиме тоа што го очекувате од нас и тоа за кое не одбравте. Чекор по чекор се реализира патот од 1000 метри и верувајте нема покус пат, туку исправен пат и соодветни чекори, изјави премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното обраќање до јавноста.

Според премиерот, во изминативе шест месеци се случиле низа од чекори кои ја стабилизирала економијата и довеле до посакуваниот раст од 3%. Следната година планираме уште поголем раст, вели Мицкоски.

-Вработуваме 300 млади доктори-специјализанти, нови градинки, училишта, спортски сали, водоводи. Имаме најголема поддршка за тутунарите, оризопроизводителите. Отворивме фронт за борба против криминалот и корупцијата со докази и неодлучно. Имаме уште многу работа, рече меѓу другото премиерот во своето обраќање.

Во 2025 година, Мицкоски вели дека Владата ќе биде фокусирана на интеграцијата во ЕУ и спроведување на реформи за членство.

-Среќна и успешна Нова година, исполнета со здравје, среќа и многу љубов. Бог да ја благослови Македонија и нејзините граѓани, рече премиерот на крајот од обраќањето.