Во моментот кога било пријавено дека имало пукање во кафана во Цетиње и дека има неколку ранети, во градот имало најмногу девет полицајци, пишува Вијести.ме.
„Кога во полиција завчера во 17 часот и 26 минути било пријавено дека имало пукање во кафеана во Цетиње и дека има неколку ранети, три полициски патроли, оперативен инспектор, дежурен службеник и дежурен старешина беа распоредени во градот“, изјави вчера в.д. на полициската управа, Лазар Шќепановиќ.
Тоа значи дека главниот град на првиот ден од јануари го чувале најмногу девет полицајци, доколку двајца од нив биле во патрола, што понекогаш не е случај.
Лазар Шќепановиќ изјави дека од 18 часот било планирано во Цетиње да пристигне засилување, но дека тоа било договорено пред трагедијата.
Според полицијата, добиле погрешна дојава, која најверојатно му овозможила на убиецот со пиштол без дозвола за половина час да убие 12 сограѓани.
Шќепановиќ објасни дека во 17 часот и 26 минути телефонски била известена дежурната служба на цетинската полиција дека во кафана било употребено огнено оружје, тврдејќи дека информацијата е нецелосна, поради што две патроли и еден службеник биле испратени на погрешна локација, во градот Бајица.