📽Реакцијата на Вергара на доделувањето на „Златните глобуси“ стана вирална: „Не, не! Дај ми ја мене“

од Vladimir Zorba
582 прегледи

Актерката Софија Вергара стана хит на социјалните мрежи откако и се развика на колешката добитничка на наградата Џоди Фостер на „Златните глобуси“, пренесе E News.

Имено, откако беше обелоденето дека Фостер ја доби наградата за најдобра актерка во ограничена криминална серија „True Detective: Night Country“, Софија Вергара извика: „Не, не!“ Потоа, Џоди излезе на сцената и го започна својот говор за прифаќање. „Дај ми еден“, повторно се пошегува Вергара, предизвикувајќи смеа кај сите присутни.

„Знам, знам“, ѝ одговори Џоди, насмевнувајќи се за момент.

@theinsiderloop Sofia Vergara is the best! She jokingly reacts to losing her #GoldenGlobes nomination: “No, no, give me one!” 😂 #theinsiderloop #GoldenGlobes #jodiefoster #sofiavergara ♬ original sound – theinsiderloop

Фостер во својот говор ги спомена сите номинирани од категоријата најдобри актерки во ограничени серии – Кејт Бланшет, Кристин Милиоти, Наоми Вотс, Кејт Винслет и Софија Вергара, а потоа емотивно им се заблагодари на семејството, сопругата Александра Хедисон и децата Чарли и Кит.

„Мои момци, ве сакам и ова, се разбира, е за вас. И љубовта на мојот живот, Алекс. Ти благодарам, засекогаш“, рече таа на крајот од говорот.

Инаку, Софија Вергара беше номинирана за улогата на „кокаинската кума“ Гризелда Бланко во серијата на „Нетфликс“.

Слични содржини