За него потрошија речиси 100 милиони евра, а сега „црвените“ го продаваат на попуст

од Vladimir Zorba
58 прегледи

Ливерпул е подготвен да го продаде уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез (25) бидејќи не се вклопува во фудбалската филозофија на тренерот Арне Слот, објавија во понеделникот британските медиуми.

Иако ги чинеше 85 милиони евра во 2022 година (со бонуси од речиси 100 милиони) кога пристигна од Бенфика, раководството на „црвените“ би било задоволно доколку некој им понуди 60 милиони евра за Нуњез, чиј договор е со важност до летото 2028 година, истакнуваат британските дневни весници.

Уругвајскиот интернационалец не се вклопи во шемите на селекторот Слот, чиј супермодерен фудбал го воодушеви светот.

Ваква иновација немаме видено уште од изумителот на тоталниот фудбал Ринус Михелс и доминантниот Милан од доцните 80-ти, на Ариго Саки. Во оваа напредна фудбалска шема, напаѓачката тројка, која ги замајува противниците, ја сочинуваат Коди Гакпо, Диого Жота и Луис Дијаз, додека Нуњез главно влегува во игра од клупата за резерви.

Меѓу оние кои би можеле да бидат заинтересирани за Нуњез, според британските медиуми, ес Њукасл, но „страчките“ би можеле да размислуваат за негов трансфер едвај на крајот од сезоната.

Слични содржини