„Не знам дали нашата куќа се уште постои“: Легендарниот Џејмс Вудс евакуиран поради пожарите во Лос Анџелес

од Nikola Popovski
60 прегледи

Лос Анџелес моментално се бори со катастрофалниот шумски пожар. Зафатени се луксузните делови на главниот град на Калифорнија, а околу 30.000 луѓе се евакуирани. Меѓу потенцијално загрозените се бројни имиња од светскиот џет-сет.

Телевизиските камери од локална новинарска екипа во Калифорнија, исто така, ја фатија ѕвездата на „Полициска академија“, Стив Гутенберг во акција, како им помага на пожарникарите со поместување на автомобилите да направат простор за противпожарните возила што наидуваат.

„Ако го оставите автомобилот поради пожар, барем оставете го клучот внатре за некој како мене да може да ви го премести за да можат сите овие противпожарни возила да се искачат“, му рекол актерот на локален новинар.

Актерот Џејмс Вудс сподели видео снимка од пожарот кој зафатил две куќи кои се во близина на неговата, а подоцна изјавил дека бил евакуиран од областа.

„Во овој момент не знам дали нашиот дом сè уште постои, но за жал куќата во нашата мала улица ја нема“, напиша тој на „Х“, додавајќи дека неговото семејство почнало да ја реновира куќата по пандемијата на Ковид-19 и штотуку ја завршило работата минатиот месец.

Тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, изјави дека неговата мајка била принудена да избега од Палисадес, а семејната куќа на членот на тимот Еверет Дејтон била уништена.

„Сè што гледам и читам е само застрашувачко“, рекол тој на прес-конференција.

Крајбрежната заедница одамна е популарна кај познатите личности, вклучувајќи ги Том Хенкс и Рита Вилсон.

Слични содржини