„Пежо“ излета од патот Охрид-Свети Наум, тројца млади завршија во болница

од Nikola Popovski
40 прегледи

Тројца повредени во сообраќајна несреќа на патот Охрид-Св.Наум. Според иформациите, до несреќата дошло кога автомобилот излетал од патот.

Повредените се млади лица на возраст од 20 и 21 година.

„Денеска (08.01.2025) во 00.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, патничко возило „пежо 206“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.(20) од с.Оровник, општина Дебарца, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговите сопатници С.С.(20) од с.Велмеј, општина Дебрца и М.К.(21) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид“ соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Слични содржини