📸Електричниот Yangwang U9 прескокнува преку дупки

од Vladimir Zorba
29 прегледи

BYD објави видео на кое се гледа суперавтомобилот Yangwang U9 како вози без возач додека прескокнува различни препреки, како што се дупки полни со вода и шила на патот.

Yangwang е премиум електричен бренд на BYD, а U9 е негов втор автомобил по теренецот U8. U9 го има и т.н Disus X суспензија и хидрауличен систем, кој му овозможува на автомобилот да скока, според „HAK“.

Маркетинг експертите на BYD сега го подигнуваат на ново ниво и објавуваат видео од Yangwang U9 како вози без возач со 120 km/h. Првата пречка на која наидува е широка дупка долга 2,5 метри исполнета со вода. Како што се приближува возилото, суспензијата го лансира возилото преку дупката. Скокот наводно е долг преку 6 метри.

Следната пречка е поле со шила високи околу 3,5 см. Како и досега, системот за суспензија на Disus X му овозможува на U9 да го прескокне. BYD не даде други детали за тестот, како на пример кој ADAS (Advanced Driver-Assistance System) е користен. Многумина веќе спомнаа дека овој Кинез изгледа како да избегал од филмовите за Џејмс Бонд.

За потсетување, Yangwang U9 беше лансиран во февруари 2024 година по цена од 230.000 американски долари во Кина. Масовното производство и испораките започнаа шест месеци подоцна. Го придвижуваат четири електромотори со комбинирана моќност од 960 kW/1287 КС и вртежен момент од 1680 Nm. Може да забрза од 0-100 km/h за 2,36 секунди и да помине 400 метри за 9,78 секунди.

Слични содржини