Речиси половина од компаниите во светот планираат да отпуштат работници поради воведувањето на вештачката интелигенција, најмногу ќе се отпуштаат административци

од Milan1
734 прегледи

Голем број компании ширум светот, поточно 41 отсто од анкетираните фирми, планираат да отпуштат работници до 2030 година поради појавата на вештачката интелигенција (АИ) која ќе поедностави многу работни места, се вели во истражувањето објавено денеска од Светскиот економски форум.

Во истражувањето учествувале стотици големи компании, а 77 отсто од анкетираните компании изјавиле дека планираат да ги преквалификуваат и усовршат своите вработени во периодот од 2025 до 2030 година со цел да ја подобрат својата работа со помош на вештачката интелигенција, пренесува Си-ЕН-ЕН.

Списокот на особено ранливи занимања вклучува поштенски работници, административни работници и графички дизајнери, се додава во извештајот.

Спротивно на тоа, вештините за вештачка интелигенција се повеќе се бараат бидејќи речиси 70 отсто од компаниите рекоа дека планираат да ангажираат нови вработени со вештини за дизајнирање алатки за вештачка интелигенција, а 62 отсто од фирмите сакаат вработени кои можат да користат вештачка интелигенција за да ги подобрат работните перформанси.

Во извештајот се наведува дека примарното влијание на технологиите како што е генеративната вештачка интелигенција врз работните места може да лежи во нивниот потенцијал да ги подобрат човечките вештини преку „соработка меѓу човекот и машината“, наместо целосно да ги заменат луѓето со машини.

И покрај ова, многу работници веќе се заменети со вештачка интелигенција.

Некои технолошки фирми како што се сервисот за складирање датотеки „Дропбокс“ и апликацијата за учење јазик „Дуолинго“ рекоа дека отпуштиле вработени поради примената на вештачката интелигенција.

Слични содржини