Мојс се враќа во Евертон

од Vladimir Zorba
8 прегледи

Дејвид Мојс е во преговори со раководството на Евертон за враќање на Гудисон Парк. Шкотланѓанецот се прослави како менаџер на „карамелите“ кои успешно ги водеше во периодот од 2002 до 2013 година. Тој сега е пред емотивно враќање во клубот, а неговото назначување официјално ќе биде објавенo викендов. Неговото второ деби, најверојатно, ќе го има на дуелот од Премиер лигата против Астон Вила во среда.

Вчера Евертон му врачи отказ на Шон Дајч на нешто повеќе од три часа пред натпреварот од третото коло на ФА Купот против Питерборо, кој „карамелите“ го добија со 2-0.

Мојс (61) последен пат го водеше Вест Хем, напуштајќи ги „чеканите“ на крајот од минатата сезона кога му истече договорот. Оттогаш Шкотланѓанецот одби неколку понуди, вклучително и оние да биде тренер на националниот тим и да раководи со тимови во САД.

На почетокот на неделата се шпекулираше дека Жозе Мурињо би можел да го преземе Евертон, при што Португалецот дури беше миленик на обложувалниците, но очигледно новите сопственици решиле да му веруваат на Мојс.

Слични содржини