Се огласи пријател од детството на Пи Диди: ​​„И мајка му организирала забави за возрасни“

од Nikola Popovski
28 прегледи

Во документарецот „Diddy: The Making of a Bad Boy“, пријател на озлогласениот рапер откри дека мајката на Диди организирала и „возрасни“ забави во младоста.

Пи Дид веќе неколку месеци е во затвор поради обвиненија за рекет, сексуални престапи и проституција. Исто така, клучни се и т.н „бели забави“ каде се користела дрога, а има и наводи дека многумина биле силувани на овие забави.

Пријателот на Диди од детството, Тим Петерсон изјавил во споменатиот документарец дека мајката на раперот организирала и забави на кои возрасните имале сексуални односи.

„Во тоа бевме упатени. Дали тоа не дестабилизираше? Сигурен сум дека да. Дали бевме свесни за тоа? Не, тоа беше само обична саботна вечер“, рекол тој.

Петерсон додаде дека Диеди бил малтретиран од неговите врсници на училиште затоа што биле супериорни и дека често го третирале како „разгалено богато дете“.

„Секогаш ми го поставуваа прашањето зошто. „Не го знам одговорот на тоа прашање зошто, но навистина верувам дека сето тоа потекнува детството“,кажал Петерсон, додавајќи:

„Комбс се забавуваше дома за време на викендите, тоа го правевме многу. Таму сите видови алкохол кои му беа на дофат, како и трева. Зависници од дрога, лезбејки, хомосексуалци, сите овие луѓе беа во нашата куќа. Луѓето доаѓаа од Харлем, од улиците. „Не е ни чудо што можеби по грешка влегол во една од спалните соби и видел двојка таму, со голи задници“, посочил другарот на Пи Диди.

Слични содржини