Шукова: СДСМ со нови мерки против загадувањето, не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик а ДПМНЕ да спие

од Илинка Илиоска
18 прегледи

Борбата против загадувањето мора да стане приоритет на власта која целосно го игнорира и не презема никакви мерки. Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик а ДПМНЕ да спие како власт, централна и локална, истакна денеска на прес конференција потпретседателката на СДСМ Каја Шукова и поранешна министерка за животна средина.

Шукова ги наведе сите пропусти на владата на планота на спречување на аерозагадувањето и ги наведе мерките што ги предлага СДСМ што мора веднаш да се спроведат:

Како опозиција ветуваа 1 милијарда евра инвестиции и намалување на загадувањето за 50%. Нема ништо од тоа.

Од кредитот од Унгарија, вреден 250 милиони евра власта не намени ниту едно евро за да го намалат загадувањето на воздухот.

И ова е уште една потврда дека власта нема намера ништо да преземе.

Дополнително, власта ги намалите парите во буџетот за борба против загадениот воздух и има 0 денари предвидено за програмите кои функционираа со години.

Исто е и со градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои за три години не презедоа ништо и понатаму не преземаат ништо, а локалната власт има широки ингеренции.

За споредба, Владата на СДСМ и локалната власт предводена од преземаше низа на мерки во борба против загадувањето на воздухот и тие мерки придонесоа за намалување на концентрациите на штетните честички ПМ 2.5 во воздухот за-564kg на годишно ниво и намалување на честичките МП 10 за-735kg на годишно ниво.

Успешно се спроведоа серија на мерки, стратешки инвестиции во производство на обновливи извори на енергија, проекти за гасификацијата, проекти за еколошки јавен транспорт, конкретни мерки за финансирање на замена на нееколошки системи во домаќинството, јавните установи, градинки, училишта, мониторинг системи и така натаму.

Во таа смисла ДПМНЕ нека засука ракави и да не продава демагогии, туку да почне со реализација на краткорочни и среднорочни мерки кои ќе влијаат на намалување на загадувањето.

Како одговорна партија денеска СДСМ предлага нов сет на мерки, фокусирани на ингеренциите на локалните власти, општините. Дел од овие мерки успешно се реализираат во општините кои ги водат градоначалници од СДСМ, и сите се применливи.

Општините да донесат Програми за субвенција за набавка на еколошки системи за затоплување во јавните објекти, субвенции за набавка на велосипеди, субвенции за чистење на оџаците, за набавка на топлински пумпи, сончеви колектори, инвертер клима уреди и други чисти технологии
Да набават и да постават прочистувачи на воздух во сите градинки и општински училишта.
Да инвестираат во филтри на прозорците на училиштата и градинките кои се непропустливи за штетните честички ПМ 10 и ПМ 2,5.

Општините да им помогнат на социјално загрозените семејства при набавка на енергенс за затоплување – посебна Програма за субвенционирање.

Да се спроведе план за интензивно зазеленување на јавните површини(по примерот на локалната власт во Скопје кога беа обезбедни нови 300.000 метри квадратни нови зелени површини во Град Скопје)
Во Скопје конкретно, да се набават нови еколошки автобуси за Град Скопје. 25 пати не е донесена Одлуката за набавка на нови еко автобуси за Град Скопје на Совет затоа што советниците на ДПМНЕ гласаат против.

Да се вршат редовни контроли на инсталациите со Б интегрирана дозвола и контроли на градилиштата, дали изведувачите спроведуваат мерки за миење на тркалата.

Интензивно миење на улиците, редовно собирање на отпадот и чистење на дивите депонии од страна на јавните комунални претпријатија.

Да се започне постапката за носење на Закон за комунална полиција, а не истиот да се користи како популизам.

Локалните власти на граѓаните да набавуваат еколошко така наречено суво дрво за огрев.

Шукова порача дека „борбата против загадениот воздух е долг процес кој бара континуирана посветеност, стратешки и конкретни мерки од власта и институциите за намалување на загадувањето“ и дека „локалната и централната власт на ДПМНЕ треба да ги прифатат предлог мерките на СДСМ и да ги реализираат во целост“.

Слични содржини