Анџелина Џоли и нејзиниот 16-годишен син Нокс набавиле неопходни работи за оние на кои им треба додека беснеат шумските пожари во Лос Анџелес. Дуото мајка-син беше забележано како купува залихи како храна и шишиња со вода во четвртокот.
Џоли (49) за Дејли Меил изјави дека е многу загрижена за ситуацијата и дека сместувала луѓе во нејзиниот дом во Лос Фелиз.
„Во моментов се грижам за луѓето блиски до мене и ги имам дома“, изјави таа за медиумот.
Актерката истакна дека ќе донира и за спасувачките сили во следните недели.
@vanessatresjolie Angelina Jolie and son Knox, 16, reveal how they’re helping loved ones amid LA fires 🙏🏻 #Angelinajolie #wildfire #losangeles ♬ suono originale – ANGELINA JOLIE ALIKE
Не е јасно кое од шесте деца на Џоли – Медокс, 23, Пакс, 21, Захара, 20, Шајло, 18 и Вивиен, 16, моментално престојуваат со неа во Калифорнија. Таа ги споделува своите деца со поранешниот Бред Пит.
Џоли не е единствената славна личност која поттикнува на акција. Претходно оваа недела, Џејми Ли Кертис објави дека донира 1 милион долари за жртвите од природната катастрофа заедно со нејзиниот сопруг Кристофер Гест.
Кајли Џенер, Марк Закерберг, принцот Хари и Меган Маркл, исто така, дадоа неодредени донации на локалните организации за помош.