13
Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на САД, Велика Британија, Јапонија и Италија за зајакнувањето на санкциите кон Русија оваа недела.
„Нападот со санкции оваа недела е добра работа, јас сум им благодарен на нашите партнери за тоа“, рече Зеленски во видео обраќање вчера.
Тој особено ги истакна американските санкции против рускиот нафтен сектор.