Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, преку своја објава на Фејсбук ја коментираше судската одлука дека не е виновна за предметот „Тврдина“ или незаконското уништување на опремата за прислушување која пак беше искористена во масовното нелегално прислушување на илјадници македонски граѓани во периодот до 2015 година.
– Календарски помина речиси една деценија, а како да поминаа три животи на некој што доживеал длабока старост. Само семејството и релативно мал круг блиски луѓе и пријатели знаат како изгледаа овие години.
Задоволна сум од денешната одлука на судот кој ги уважи нашите аргументи. Без оглед што во кривичната постапка не се утврди виновникот за масовното прислушкување, што мене како една од најголемите жртви на овој монструозен чин и на моето семејство од корен ни ги промени животите и ни нанесе ненадоместлива штета, борбата за правда прододолжува и се надевам дека ако не во кривична постапка, тогаш во граѓанска постапка ќе се утврди кој го вршел прислушкувањето, напиша на Фејсбук, Јанкуловска.