Дизајнерката на ентериер Ана (53) од Франција за францускиот канал „TF1“ раскажала како станала жртва на голема измама поради која на непознат маж му испратила дури 830.000 евра мислејќи дека се допишува со познатиот актер Бред Пит. Измамникот, според Ана, ја контактирал преку Инстаграм, претставувајќи се првин како мајка на актерот, Џејн Ета Пит.
Веќе следниот ден, Ана добила порака од друг кориснички профил: „Здраво, Ана. Мајка ми ми кажа за тебе. Би сакал подобро да те запознаам“. Ана во тој момент минувала низ тешка брачна криза, поради што почувствувала потреба да се довери на личност која, како што подоцна се испостави, ја злоупотребила нејзината доверба.
„Се работеше за Бред Пит. Отпрвин мислев дека сето тоа е измама, но не можев да сфатам што навистина се случува. Набрзо почна да ми пишува секој ден и се зближивме“, рекла Ана. „Ми се допадна како зборуваше со мене. Малку се мажите кои пишуваат вакви пораки. Беше шармантен и знаеше да разговара со жените на многу привлечен начин“.
„Бред Пит“ подоцна ѝ кажал дека боледува од рак на бубрегот и дека поради разводот со Анџелина Џоли не може да си го дозволи потребното лекување. За да ја смири, тој ѝ испратил фотографии од болницата, вклучувајќи слики од операционата сала, кои биле генерирани со помош на вештачка интелигенција. Тие никогаш не разговарале по телефон, бидејќи тој наводно „секогаш бил премногу зафатен“.
En vrai vous rigolez mais pour une dame qui n’a pas grandi avec internet et qui n’était pas sur les réseaux sociaux, ces photos là peuvent paraître convaincantes.
Ce que je comprends pas c’est que c’est Brad Pitt quand même: s’il est à l’hôpital tt le monde va en parler ?! https://t.co/ps3v6F354Y— Mademoiselle N. (@Mlle_N_75) January 12, 2025
По неколкумесечна преписка, Ана се согласила да се омажи за човекот кој ѝ праќал пораки. Таа во еден момент му испратила пари за „лечење“ на лажна сметка. Сомнежите за неговиот идентитет почнале да се појавуваат кога во медиумите ги видела фотографиите на Бред Пит со неговата девојка Инес де Рамон.
Ана ангажирала приватни истражители, кои ја откриле вистината – таа никогаш не комуницирала со Бред Пит. За жал, веќе било доцна. По овој инцидент Ана завршила во болница каде и била констатирана тешка депресија. Иако истрагата е во тек, не се знае дали успеала да ги врати парите.
Ова не е единствен случај од ваков вид. Портпаролот на Бред Пит предупреди дека две други жени биле слично измамени.
„Страшно е што измамниците ја искористуваат врската помеѓу обожавателите и познатите личности за свои цели. Никогаш не одговарајте на пораките што доаѓаат од лажни профили, особено оние кои тврдат дека се познати личности кои не се присутни на социјалните мрежи“, истакна тој.