Реал Мадрид сака играч од градскиот ривал: „Како куршум е…“

од Vladimir Zorba
25 прегледи

Реал Мадрид го очекуваат големи промени на позицијата десен бек. По повредата на Дани Карвахал, еден од хероите на минатосезонското финале во Лигата на шампионите во кое постигна гол против Борусија Дортмунд, Кралскиот клуб се сврте кон доведување на Трент Александер-Арнолд од Ливерпул.

Договорот на англиската ѕвезда истекува на крајот од сезоната, исто како и на 33-годишниот Лукас Васкез, кој оваа сезона ја има улогата на прв десен бек поради отсуството на Карвахал. Шпанските медиуми пренесуваат дека Васкез е блиску до заминување и дека неговиот договор нема да биде продолжен.

Тоа значи дека и да пристигне Александар-Арнолд, на Реал ќе му треба резервна опција. Се уште не е познато кога Карвахал ќе се врати по тешката повреда на предните вкрстени лигаменти и во каква состојба ќе биде по опоравувањето, а легендарниот дефанзивец во последните сезони се почесто се користи и како централен бек.

Sports Illustrated објави дека Реал Мадрид го свртел вниманието кон градскиот ривал Рајо Ваљекано и романскиот интернационалец, 26-годишниот Андреј Ратиу. Важи за еден од најдобрите дефанзивци во Ла Лига, а за него наводно е заинтересирана и Барселона.

Шпанскиот портал spherasports.com пишува: „Романецот е како куршум. Се брани цврсто и се приклучува во нападот како да му дале дополнителни животи за тоа. Очигледно е еден од најдобрите дефанзивци во Ла Лига“.

Ратиу е проценет на 15 милиони евра, а бидејќи неговиот договор е до 2028 година, сигурно е дека Рајо нема да го пушти евтино.

Слични содржини