Пронајдено телото на Лидија Трајковска која исчезна пред повеќе од два месеци

од Nikola Popovski
384 прегледи

Поминаа повеќе два месеци од исчезнувањето на 43-годишната Лидија Трајковска од Скопје, а денеска стигна жална вест дека е пронајдено нејзиното тело. Жената која пред неколку денови беше пронајдена во водите на реката Вардар кај Зелениково е всушност Лидија од скопско Јурумлери. Идентитетот на жената бил утврден преку ДНК анализа.

ДНК тестот, или генетскиот профил, е процес на одредување на карактеристиките на ДНК на поединецот, односно се врши идентификација. Во случајов, се прави споредба со ДНК профилот од починатото лице, со примероци за споредба од биолошки сродници.

Лидија излезе од својот дом на 8 ноември, без лични документи и телефон, по што ѝ се изгуби секаква трага.

Во обид да го сврти вниманието на јавноста и институциите, семејството на Лидија постојано упатуваше апел за засилување на истрагата. Братот Александар и сестрата Билјана ја истакнуваат својата загриженост и незадоволство од досегашниот напредок.

Полицијата користеше и дрон во потрагата, со кој ги надлетуваа бреговите на Вардар во должина од речиси пет километри кон југ, сè до селото Огњанци. Беа пребарувани пошироката околина и напуштените објекти во овој реон.

Ќерката на Лидија тогаш информира и дека добиле повици од многу граѓани кои наводно ја забележале, но се работело за други жени односно се препознале. Од семејството вознемирено раскажуваа и дека добиле порака со обид за изнуда на пари, во замена за информација за тоа каде се наоѓа Лидија.

Според информациите на семејството, таа била вознемирена, но не се знае од што. Немала телефон, ниту документи во неа. Сето ова се случило утрото околу 5 часот утрината на 8 ноември. Што се случило со неа од автобуската станица, па се до пронаоѓањето на нејзиното тело, не е познато.

Слични содржини