Се шпекулира дека Нејмар би можел да го напушти Ал-Хилал оваа зима, по што бразилската ѕвезда би можела да се упати во американската МЛС.
Според ESPN и L’Equipe има неколку заинтересирани тимови, а се издвојуваат Чикаго Фајр и Интер Мајами.
ЕСПН инсистира дека доаѓањето на Нејмар во клубот на Дејвид Бекам изгледа комплицирано со оглед на ограничувањата на платите. Во Мајами лавовскиот дел од платата го зема Лионел Меси, а тука се и Серхио Бускетс и Жорди Алба, па нема многу простор за Нејмар.
Таткото и агентот на Бразилецот, Нејмар постариот, според францускиот спортски дневник, истакнал дека неговиот син не би размислувал да го напушти саудискиот клуб доколку понудата не е од стратосферски димензии.
Ал-Хилал не е задоволен од Нејмар, кого го платија како злато, а тој повеќе време поминуваше во болнички кревет отколку на терен. Кој би бил спремен (или ако сакате луд) да му понуди толкава плата?
Се чини дека нема таков клуб, но договорот на Нејмар истекува на крајот од сезоната и тогаш картите ќе се делат поинаку.